СВР-Скопје поднесе кривична пријава против лицата Е.Н.Р. (27) и С.З.Ј. (46) и двете од Република Бугарија, поради основано сомнение дека извршиле кривично дело „кражба“, при што се здобиле со противправна имотна корист од околу 182.000 денари. Од страна на судија на претходна постапка изречена им е казна затвор во траење од три години, со услов една година да не извршат кривично дело и се протерани и имаат 10 години забрана на влез во Република Македонија.
Како што информира МВР, Е.Н.Р. и С.З.Ј. лани на 6 декември околу 12 часот во автобус број 5 на ЈСП Скопје кој се движел на релација од автобуска постојка кај Рекорд во правец на населбата Карпош ја забележале оштетената и искористувајќи ја гужвата во автобусот и нејзиното невнимание, се доближиле до неа и додека второпријавената се туркала во оштетената со цел да и го одвлече вниманието, првопријавената со протнување на раката во ташната која ја носела на десното рамо и го одзела нејзиниот несесер во кој имала платежни картички и клучеви по што го напуштиле местото на настанот.
– По извршување на кражбата двете пријавени извршиле пребарување во несесерот при што ги пронашле и пин кодовите од платежните картички по што во 18 трансакции од банкомати во Република Македонија подигнале околу 182.000 денари. Истиот ден, пријавените ја напуштиле Македонија и со украдените платежни картички подигнале уште 150 лева од банкомати на банки на Р.епублика Бугарија, соопшти МВР.
Од страна на полициските службеници од Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит Пазар, бил подигнат видео материјал од безбедносните камери од банкоматите во времето кога се вршени трансакциите. На 24 јануари годинава околу 13 часот на булеварот „Никола Карев“ во близина на железничката станица-Скопје од страна на полициски службеници од Центар и Бит Пазар поради постоење основи на сомнение дека се извршители на кривични дела џебни кражби двете пријавени биле приведени. Во полициската станица Центар бил извршен разговор со нив во кој тие го појаснија начинот на извршувањето на кривичното дело.