Романската влада го укина скандалозниот корупциски закон кој го донесе со декрет по најголемите протести кои се одржаа во главниот град на Романија, по оние во 1989 година, однсно по падот на комунизмот и диктаторот Николае Чаушеску.

Декретот што беше донесен на 31 јануари беше со намера да се декриминализираат одредени корупциски злосторства односно функционерите кои ќе направат злоупотреба на државни средства до 45.000 илјади евра да бидат ослободени од казна затвор.

Покрај ова со скандалозниот закон предвидуваше и целосно ослободување или намалување казните на затворениците со казни помали од 5 години за одредени злосторства, преполувување на казните на затворениците постари од 60 години, оние со терминални болести или со деца за кои треба да се грижат, независно од злосторствата.

На вонредна седница, денеска, Романската Влада предводена од Социјал демократската партија одлучи да го укине указот со Законот влезе во сила, и тоа по само 6 дена од неговото донесување. Романската Влада својот мандат го започна на 04 Јануари оваа година, но револтираните протестанти бараа и итно одржување на нови избори.


Укинат спорниот Закон во Романија

“Борбата против корупцијата мора да оди напред. Го следиме развојот на настаните Романија со голема загриженост “, рекоа во заедничката изјава, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и неговиот прв заменик Франс Тимерманс.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2017 01:40