На улицата Алексо Демниевски пред железничката станица во Велес, нешто пред 05:00 часот изутрина се случила сообраќајна незгода во која Б.Д. (18) од Велес, управувајќи ПМВ „Волксваген Пасат" со велешки регистерски ознаки изгубил контрола над истото и удрил во бетонски sид од кружен тек.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот И.А. (21) од Велес, по што во Јавниот здравствен центар во Велес му била укажана лекарска помош но поради сериозноста на повредите истиот бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Велес. Се работи на целосно расчистување на случајот.