Џек Ма основач и сопственик на компанијата, соопшти дека одсекогаш Австралискиот пазар за него бил голем предизвик. Ја одбрал Австралија како негова следна цел најмногу поради неговото воодушевување во врска со нивната заштита на животната средина. Тој смета дека животната средина во Кина страдала многу во изминативе години и дека загаденоста е зголемена и е на високо ниво.
“Алибаба" е основана пред 18 години и тоа од тим од 18 луѓе, а сега има милиони клиенти и огромна продажба. Компанијата е онлајн пазар, како што е „eBay", само во многу поголеми размери. Преку канцеларијата и претставништвото во Австралија, сопствениците на“Алибаба“ планираат да го покриваат и пазарот во Нов Зеланд.
Покрај голем број на светски и кинески брандови, на платфмормата на “Алибаба“ има повеќе од 1300 компании од Австралија и Нов Зеланд.