Американскот финале Super Bowl 2017 е дефинитивно најголемиот спортски настан во Америка. И оваа година сопствениците на големите компании не штедеа пари за да се рекламираат. Иако немаше ниту една реклама со политички контекст, сепак медиумите во Америка одбраа 6 реклами кои беа емитувани во текот на натпреварот а кои пренесуваат и испраќаат политички пораки, насочени против политиката на Трамп, најмногу против неговите одлуки против мигрантите во Америка.

1. 84 Lumber

Компанијата за градежен материјал преку нејзината реклама имаше за цел да објави оглас за запослување на работници преку. Кога рекламата била доставена до организаторите на финалето, била забранета, поради тоа што во еден нејзин кадар имало поставено ѕид на границата меѓу Америка и Мексико.

2. Airbnb

Оваа реклама прикажува различни луѓе со различна возрасна старост, припадност и националност со порака за заедништво. “Веруваме дека без разлика кои сте, од каде сте, кого сакате, сите ние припаѓаме едни на други“ е главната порака на оваа реклама.

3. Audi

Доста контроверзна реклама која говори за нееднаквоста помеѓу половите. “Дали ви реков дека без разлика на нејзиното образование, мотивација, вештини и интелегенција, таа по автоматизам ќе биде помалку ценета од секое машко кого ќе го сретне?“ прашува таткото додека неговата ќерка се трка со децата во мали автомобили.

4. Budweiser

Преку оваа реклама на светскиот произведувач на пиво се говори за основачот на компанијата Adolphus Busch и како тој се борел како имигрант кога дошол во Америка. Оваа реклама е јасна порака на забраната на Доналд Трамп против влегувањето на мигранти во Америка.

5. Coca-Cola

Рекламата на Кока – Кола “America the Beautiful“ ја испраќа пораката за почитување на различностите.

6. It’s a 10 Haircare

Во оваа реклама мета е физичкиот изглед на Доналд Трамп, односно неговата фризура. Гледачите се предупредени дека најмалку четири години ќе ја гледаат неговата фризура. Покрај ова, рекламата става акцент и на различноста преку компарација со фризури со цел да се пренесе порака дека различностите се важни но никогаш пресудни.

Рекламите на Super Bowl 2017 против политиката на Трамп (Видео)

Рекламите на Super Bowl 2017 против политиката на Трамп (Видео)



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2017 14:25