Создавање на база со податоци од отпечатоци од сите бегалци во земјата треба во иднина да спречи користење на различни идентитети од страна на еден мигрант и да оневозможи користење на социјални бенефиции во повеќе наврати.

Во изјава за весникот „Ноје Пасауер Пресе“ првиот човек на БАМФ Јута Корт вели дека германските покраински власти имаат одговорност да земат отпечатоци од сите бегалци за да се спречи криминал со двојни или поголем број идентитети за исти луѓе. Покраинските власти потоа ќе треба да ги споредат сите свои податоци со централниот германски регистар на баратели на азил.

Во моментов БАМФ процесира околу 430 илјади барања за азил кои се поднесени во последниве десетина месеци.

Вчера германската телевизија НДР објави дека 25-годишен барател на азил во Хановер добил условна казна затвор од 21 месец и 200 часови општествено корисна работа поради обидот да се регистрира како бегалец под седум различни лажни имиња во повеќе германски градови.

Локалните власти во градот Браунвајг на почетокот на годинава открија дека околу 300 баратели на азил сториле кривични дела поврзани со давање различни идентитети во барањата за азилантски статус. Само во покраината Долна Саксонија вредноста на овој вид криминал сторен од мигрантите се движи меѓу 3 и 5 милиони евра.

Извор: Нова Македонија



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2017 18:54