Многу свадбени веселби започнуваат со оваа песна, многу парови си ја посветуваат еден на друг а на јутјуб има нешто помалку од 30 милиони прегледи. Но за кого е оваа песна всушност напишана?

Групата САРС која стана популарна уште пред неколку години со песната “Budzav lebac“ и која преку ноќ ги лансираше во музичкиот врв низ сите поранешни Ју републики својата слава ја продолжи и со најромантичната песна напишана во последните десет години, песната “Lutka“. Официјалниот спот на музичкиот канал јутјуб до денес има нешто помалку од 30 милиони прегледи а доколку се земе бројката и на сите други изведби на песната од С.А.Р.С, инструментални верзии и од други изведувачи, бројката е далеку поголема од официјалните 30 милиони прегледи.

На прв поглед “Lutka“ е типична љубовна песна со неверојатно убави стихови и прекрасен спот но во својата суштина е нешто повеќе од тоа и се крие сосема друга приказна. До ден денес, Драган Ковачевиќ, автор и текстописец на песната не ги потврди шекулациите кои кружеа низ јавноста дека всушност се работи за вистинска приказна и за негов близок пријател кој починал од конзумирање на дрога.

[photo]

Стиховите во песната како и сценариото на спотот целосно водат кон тоа дека всушност шпекулациите ја отсликуваат вистината за песната. Еве како се толкуваат дел од стиховите како и сцените од спотот:

1. Името на песната е “Lutka“ што е скратено од зборот “Полутка“ а во Србија овој збор се користи како уличен жаргон за дрога.

2. Сините чорапи која ги носи девојката во спотот која е во венчаница и на која не и одат никако во комбинација со свадбен фустан, всушност се синоним за позитивен тест за дрога. (Тестот има хемиски индикатор за дрога па после неколку триења на неколку површини од тестот се појавува сина боја доколку е позитивен.)

3. Девојката на почетокот на спотот се буди со шминка и дотерана што е всушност порака дека дрогата не бира, пол ниту материјална состојба.

4. Целиот ден (целиот тек на спотот) и проаѓа во подготовка на подобро утре односно подготовка за крунисување на љубовта, создавање семејство и создавање на среќни, весели и радосни моменти.

5. Девојката стига со велосипед до чевлара а потоа заборава како стигнала, го заборава велосипедот и продолжува со автобус.

6. Кон крајот на спотот девојката пристига пред црква на свадбената церемонија, го прегрнува својот избраник а од кога честитките проаѓаат се помирува со реалноста и ги осудува сите блиски луѓе и околината и бега од се.

Од друга страна пак и самите стихови водат кон тоа дека всушност во суштина на песната се крие друга животна приказна. “Meni mozak brani da se tebi predam, Tvoja pojava me hrani, al’ se ipak ne dam I samo te gledam, osećaj je izvanredan I toj drogi biću predan… (Po) Lutko, ja sam rešen da večno s tobom plešem… Pogled tvoj me srami, al’ mi strašno godi, Miris tvoj me mami, dodir tvoj me vodi. Ti si cilj mog lutanja i predmet pobude, Razlog mog drhtanja, boja moje požude… I dok tonem u san, u mraku cujem tvoj glas na jastuku stiskam tvoj dlan, orkestar svira za nas…”

Авторот на песната Драган Ковачевиќ за српските медиуми само изјавил дека текстот е напишан заедно со уште еден негов другар и дека секако песната има своја симболика но дека за приказната во песната нема да коментира и ќе остави на публиката да ја интерпретира на свој начин и како на нејзе и одговара. На крајот може да се изведе заклучок дека песната според голем број на фанови како и на музички критичари е врвно уметничко дело со голема тежина и животна порака.

Која е “лутката“ на С.А.Р.С? Веројатно никогаш не сте ни претпоставиле!

Која е “лутката“ на С.А.Р.С? Веројатно никогаш не сте ни претпоставиле!


Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2017 01:24