Управниот одбор на ЈП Водовод и Канализација донесе одлука за ослободување од камата на сите корисници на нивните услуги кои имаат заостанат долг за вода, без разлика дали е тужен или редовен долг.

Граѓаните ќе можат да го подмират овој долг без пресметана камата за задоцнето плаќање а оваа мерка на ЈП Водовод и канализација ќе важи почнувајќи од денес па во наредните 90 дена.

Исто така, долгот ќе може да се исплаќа и на рати и тоа по следниве критериуми:

- Физички лица ќе може да го отплатат долгот на 4 еднакви работи доколкуи се работи за долг до 30.000 денари , на 6 еднакви рати доколку се работи за долг до 70.000 денари, како и на 8 или на 12 еднакви месечни рати за долг над 70.000 денари.

- Правните лица заостанатиот долг ќе може да го ислатат на 2, 3, 4, 5 или 6 еднакви месечни работи со исклучок на државните институции и единиците на локалната самоуправа за кои оваа мерка нема да се применува.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2017 12:51