Во текот на вчерашниот ден на ГП- Аеродром „Александар Велики“-Скопје со воздухопловот авиокомпанијата на „WIZZ AIR“ за Лондон се пријавиле четири лица на возраст од 34, 30, 31 и 16 години со грчки лични карти. По извршена проверка во ОЕ утврдено е дека лицата не евидираат на кој ГП оствариле влез во РМ, и од обавен разговор истите изјавиле дека горенаведените грчки ЛК се фалсификувани, односно ги купиле во Р.Албанија и дека се албански државјани, но албанските ПИ се наоѓале кај такси возачот што ги донел на ГП. По стапување во контакт со такси возачот В.Ц.(29) од Р.Албанија тој ги донел албанските патни исправи. Утврден е идентитетот на лицата и истите влез во РМ оствариле на 10.02.2017 година на ГП–Ќафасан со ПМВ„Форд Галакси“. Лицата се лишени од слобода поради сомнение за фалсификување исправи и во 22,00 часот се предадени на полициски службеници од РЦ-Север за понатомошна постапка.

Покрај нив уште едно лице е уапсено со истата група но тој поседувал италијанска фалсификувана лична карта со. При проверка на личниот багаж кај истиот е пронајдена една албанска лична карта, со негова фотографија со податоци: В.Л.(21) од Р.Албанија, со која евидира дека остварил влез во РМ на 10.02.2017 година преку ГП„Д.Блаце“. Од извршениот разговор со лицето утврдено е дека италијанската лична карта ја купил од непознато лице од Р.Албанија. По консултација со ЈО, лицето е приведено за понатамошна постапка.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2017 13:14