Компанијата “PayPal“ поднесе економски извештај за нејзиното работење до Комисијата за хартии на САД во кој тие наведуваат: “Добивме судска покана од американското Министерство за правда во која се бара да направиме одредени извештаи за историјата на нашата програма против перење пари” Поради барањето на Министерството за правда на Соединетите Американски држави “PayPal“ да им достави одредени информации поради сомнеж за перење на пари, нивните акции на берзата драстично се намалија.