Тимот на Барнли во рамки на 25-тото коло од Англиската премиер лига на домашен терен го дочека лидерот Челзи кој се наоѓа во страшна форма. По вчерашниот кикс на Тотенхем, Челзи имаше шанса да ја зголеми предноста на 12 бода пред Тотенхем и Арсенал кои се наоѓаат на второто и третото место со 50 бода.

Иако Челзи очекувано поведе и го отвори резултатот уште во 7-мата минута преку Педро, сепак по слободниот удар и шутот на Брејди во 24-тата минута, тимот на Барнли успеа да изедначи на 1:1 и до крајот на натпреварот да го сочува овој резултат. Минатогодишниот шампион на Англија пак, доживеа уште еден пораз, овој пат на гостувањето кај Свонси со 2:0 и со тоа падна на 17-тото место на табелата на само два бода повеќе од последно пласираниот Сандерленд.

Во продолжение погледнете ги најитересните моменти од натпреварот како и евро – голот на Брејди.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/02/2017 22:20