Кралевите забележаа нова победа во Шпанската ла лига и со тоа успеаа да го задржат првото место на табелата. Тимот на Реал Мадрид дојде во водство со голот на Кристиано Роналдо во 24-тата минута а на полувремето резултатот беше изедначен од како Леон со гол во 33-тата минута изедначи на 1:1.

Во второто полувреме Реал Мадрид имаше целосна доминација па веќе во 62-тата минута дојде до второ водство на натпреварот преку голот на Иско. Конечниот резултат од 3:1 го постави Лукас во судиското продолжение, односно во 93-тата минута.

Се чини дека сепак Лукас успеа да се “извади“ по неверојатното промашување во 90-тата минута кога по асистенција на Роналдо речиси промаши празен гол од пет метри.

Аплаузот оди за тимот на rezultati.com кои ги пренесуваат натпреварите со коментар во живо па ова негово промашување го пренесоа како: “Мојата баба ова ќе го погодеше! Лукас (Реал Мадрид) го префрли целиот гол од голема близина!“

Во продолжение погледнете го неверојатното промашување кое дефинитивно ќе влезе во конкуренција за промашување на годината.

Реал ја совлада Осасуна, аплаузот оди за rezultati.com (Фото)


Автор: Администратор
Објавено на: 12/02/2017 22:43