Германските пожарникари евакуираа стотици патници од аеродромот во Хамбург, откако над 50 лица се пожалиле дека имаат проблеми со дишењето или ги печат очите.

При пребарувањето на аеродромот пронајдена е празна боца гас, за која се претпоставува дека бил бибер спреј или солзавец. Властите ја исклучија можноста дека се работи за терористички напад.

Вкупно 68 патници примија лекарска помош поради проблеми со дишењето, иритација на очите и мачнини, а деветмина се примени во болница.

Портпаролот на пожарникарските служби изјави дека бибер спреј или слична супстанца нејваројатно е одговорна за инцидентот. Германските медиуми наведуваат дека според пакувањето, станува збор за препарат кој се користи за самоодбрана.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2017 08:41