[photo]

Мајкл Флин, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп поднесе оставка по информациите дека не пренел „целосни информации“ на потпретседателот Мајк Пенс за контактите со рускиот амбасадор во САД.

Во писмото, во кое поднесе оставка, Флин посочува дека многу пати разговарал со рускиот амбасадор во САД пред стапувањето на должност, но дека „не му дал целосни информации“ за тоа на потпретседателот Мајк Пенс.

Пенс, очигледно верувајќи на Флин, првично истакна дека советникот за национална безбедност не разговарал со амбасадорот на темата за санкциите, иако подоцна Флин призна дека прашањето можеби било разгледано.

Трамп го избра генерал-полковникот Кијт Келог за времено да ја извршува должноста советник за национална безбедност.

Мајкл Флин, кој е поранешен генерал во пензија, се најде на удар во американската јавност отако се откри дека зборувал со амбасадорот Сергеј Кисљак за американските санкции кон Русија, пред претседателот Трамп да ја преземе функцијата.

Според американските закони, каква било дискусија за санкциите автоматски би претставувало противзаконско однесување, затоа што „приватно лице“, каков што бил статусот на Флин кога во декември имал десетина телефонски разговори со рускиот амбасадор, било вклучено во надворешната политика на САД.

Флин, во меѓувреме му се извинил на потпретседателот Пенс во текот на една нивна средба во Белата куќа, откако медиумите инсистираа дека советникот за национална безбедност го излажал потпретседателот за содржината на неговите „приватни“ разговори со рускиот амбасадор. Неколку часа пред поднесувањето на оставката. портпаролт Спејсер рече дека засега нема одлука во врска со ситуацијата со Флин, неполн месец по влегувањето на Трамп во Белата куќа, освен дека претседателот ги испитува сите можности за случајот.

Изјавата на Спејсер дојде веднаш по тврдењето на советникот во Белата куќа, Келиен Конвеј дадена за тв компанијата Ен-Би-Си дека претседателот „има целосна доверба“ во Мајкл Флин.

Медиумите отриваат дека во меѓувреме, официјална Москва се обидела да ја смири ситуацијата со изјавата на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков дека Кисљак и Флин не разговарале за укинување на санкциите.


Флин, советникот за безбедност на Трамп си поднесе оставка

Демократите во Конгресот на САД побараа од претседателот Трамп да го смени од функцијата Флин, особено откако стана јасно дека советникот за национална безбедност е „близок“ со Русија и со претседателот Владимир Путин.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2017 10:56