Жените кои служат во турските вооружени сили отсега ќе имаат право да носат муслимански шамии за време на воената служба.

Досега имаше забрана во турската војска да служат жени кои носат шамии според муслиманската традиција.

Во единиците на турската армија, во установите и во касарните не беше дозволено ниту присуство на забрадени сопруги на турски војници.

Откако минатата година беше укината забраната за носење шамии во полицијата, армијата остана единствената институција каде се уште важеше забраната, која сега е веќе отстранета.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2017 14:00