Полицијата трага по непознати сторители, кои на Кипот на слободата во Њујорк закачиле транспарент на кој е испишано „бегалците се добредојдени“.
Фотографијата со транспарентот поставен на Кипот на слободата е објавена на Интернет и набргу стана вирална, додека на Твитер пораката беше во трендинг.
Транспарентот е отстранет, а беше долг околу шест метри.
Полицијата нагласува дека четири лица се вмешани и оти не станува збор за организирана криминална група.
Кипот на слободата во Њујорк е подарок, кој Франција и го дала на САД во 1886 година.