Генералното собрание на ОН го суспендираше правото на глас на Венецуела и Либија по вторпат во последните две години поради повеќемилионскиот долг кон оваа светска организација.
Генералното собрание на ОН оваа недела одлучи да го суспендира правото на глас на шест држави бидејќи повеќе од две години имаа долг.
Се наведува дека висината на партиципацијата за секоја членка се одредува на основа на националниот приход на тие земји.
Според последните податоци, Венецуела треба да плати најмалку 24 милиони долари, а Либија 6,5 милиони долари. Папуа Нова Гвинеја, Судан, Вануату и Зелен ’Рт треба да платат многу помала сум за да го вратат правото на глас.