Владејачкиот германски Христијанско-демократски сојуз (ЦДУ) формално денеска ја номинираше актуелната канцеларка за свој кандидат на парламентарните избори во септември.
Меркел на конвенцијата на ЦДУ во нејзината политичка база во провинцијата Мекленбург Долна Померанија, доби поддршка од 95 проценти од делегатите и ќе биде прва на листата на ЦДУ, јавија германските медиуми.
Анкетите покажуваат дека главен ривал на Меркел е социјалдемократот Мартин Шулц, поранешниот претседател на Европскиот парламент.