Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања (ИСППИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” ќе промовира „Студија за младите во Република Македонија 2016“.

Целта на студијата е да одговори кои настани од блиското минато најмногу влијаеле врз младите и каков белег оставиле, како младите размислуваат и се однесуваат на тема политика, како размислуваат за семејството и бракот, колку се чувствуваат подготвени да живеат самостојно.

„Студијата за младите во Република Македонија 2016“ е резултат од истоимениот научноистражувачки проект, финансиран од УКИМ, а се надоврзува на претходните истражувачки студии за младите спроведени од научниот кадар на ИСППИ.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/03/2017 11:26