Креативноста преку пишан збор, скица, концепт, цртеж, фотографија, илустрација, анимација, видео… за графички или веб дизајн е условот да може да се аплицира за стипендија на годишниот конкурс со тема #НаТочак на Академијата за дизајн при Семос Едукација.

Сите оние кандидати кои ќе аплицираат на овој конкурс имаат можност да освојат целосна стипендија во вредност од 2.450 евра или делумна стипендија во вредност од 1.000 евра. Вкупниот фонд на стипендии изнесува 6.900 евра, кои ќе бидат доделени на следниот начин: една целосна и една делумна стипендија за програмата Графички дизајн, и една целосна и една делумна стипендија за програмата Веб дизајн.

Конкурсот за стипендиите, кои важат за учебната 2017/18 година, е отворен за сите кандидати на возраст од 18+, со краен рок за аплицирање на 28.04.2017 година (23:59 ч.). За повеќе информации кандидатите можат да ги постават сите прашања на на официјалната страна на Aкадемијата за дизајн.

Сите информации можете да ги погледнете на следниов линк



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2017 14:18