На претпоследниот натпревар од вонредното коло на Шпанската Ла Лига се сретнаа екипите на Депортиво Ла Коруња и Атлетико Мадрид а бодовите ги поделија играјќи 1:1.
Резулатот го отвори Андон со погодок во 13-тата минута додека конечниот резултат го постави Гризман со прекрасен волеј удар од преку 30 метри.
Но и резултатот и фантастичниот гол на Гризман ќе останат во сенка на моментот од 84-тата минута кога Фернандо Торес се врати во својот шеснаесетник да помогне на одбраната при нападот на Депортиво Ла Коруња.
Оваа минута за него беше кобна бидејќи во воздушниот дуел кој го имаше со Алекс Бергантино веројатно ја изгуби свеста додека беше во воздух и директно падна на глава одбивајќи се од теренот.
Во првиот момент кога Брагантино испаничено почна да ги вика докторите од клупата, до Торес дотрчаа Врсаљко и Габи, соиграчите од Атлетико Мадрид, кои успеаја да му го извадат јазикот и на тој начин да го спасат Торес по страшниот удар кој го доживеа.
На преносот беа во кадар страшни снимки од играчите кои се молеа да биде се во ред додека Симеоне нервозно трчаше покрај гол линијата објаснувајќи му на судијата дека ударот се слушнал дури до клупата.
Дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Аргентинецот Хименез неможеше да се смири од настанатата ситуација па со својот дрес го покриваше лицето а во еден момент режисерот на преносот го даде во кадар како плаче.
Доколку можете да издржите, погледнете го видеото од страшниот дуел на Торес со Бергантино.