Капитенот и најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед, напаѓачот Вејн Руни е отворен за враќање во клубот каде ги направи своите први фудбалски чекори, во матичниот Евертон.

Повеќе од очигледно е дека неговото време на Олд Трафорд е завршено и во Јунајтед не би имале проблем да се разделат со својата икона доколку стигне задоволителна понуда.

Во изминатиот зимски преоден рок неколку кинески супер лигаши се бореа за неговиот потпис, нудејќи му вистинско богатство, но не успеаа навреме да се договорат.

Сепак, проблем може да претставува неговата плата која моментално изнесува огромни 300 000 фунти неделно, сума која кинезите без проблем се понудија да ја дуплираат, но за Евертон би била сериозен проблем доколку се земе во предвид дека најскапо платениот играч им е Лукаку со неделна плата од 100 000 фунти.

Цела слика ќе стане појасна во текот на летниот преоден рок, но можноста за ваков трансфер е огромна бидејќи и челниците на Евертон и самиот Руни сакаат да ја обноват заедничката соработка.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2017 15:51