Претседателот на Воениот комитет на НАТО, генерал Петар Павел и началникот на Генералштабот на руските вооружени сили Валериј Герасимов денеска телефонски разговараа што е прв контакт на високо ниво по замрзнувањето на односите на Алијансата со Русија, соопшти руското Министерство за одбрана.
Разговорот бил на иницијатива на Алијансата, која ги замрзна односите со Москва во април 2014 година по анексијата на Крим од страна на Русија.
Генералите разговараа за безбедносни проблеми, спречување на инциденти и учество на претставници на Алијансата во меѓународни иницијативи организирани од руското Министерство за одбрана.
– Началникот на рускиот Генералштаб го привлече вниманието на соговорникот за нашата вознемиреност, поврзана со интензивирањето на воената активност на НАТО во близина на руската граница, а исто и за поставување на системот на Обединетите вооружени сили на Северноатлантската алијанса, се посочува во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Исто така, се наведува и дека двете страни ја потврдиле неопходноста од заеднички чекори насочени кон намалување на тензиите и за стабилизација на ситуацијата во Европа.
Двајцата генерали се договорија за продoлжување на слични контакти.