Борис Дамовски и Богдан Илиевски, познат како Бетмен - Велит, двајцата организатори на маршот и протестите “За Заедничка Македонија“ револтирано ја напуштија дебатната емисија на Телма - Топ тема.

Покрај Дамовски и Богдан Илиевски од другата страна гости беа пратеникот на СДСМ, Павле Богоевски и Бојан Маричиќ од невладиниот сектор.

Кога дебата се разгоре, некаде во вториот дел, Бојан Маричиќ објаснувајќи дека Албанските гласови кои отидоа на конто на СДСМ, не се помалку вредни, Борис Дамовски му се обрати со зборовите: “Досадно ми е ова да го слушам, стварно си досаден“ на што доби коментар и ти не си интересен.

Во тој момент Дамовски и Богдан Илиевски се решија да го напуштат студиото, а ако изгледаше сето тоа погледнете од 49-тата минута.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/03/2017 22:08