По убедливиот пораз од Борусија Дортмунд (6-2), Роџер Шмит, тренерот на Леверкузен, е отпуштен од клубот.

Се размислуваше за ново решение, а конечно е и одлучено, нов тренер ќе биде Тајфун Коркут.

Некогашниот репрезентативец на Турција и асистент на селекторот во таа репрезентација денес го презеде Леверкузен откако беше официјално промовиран.

Овој тренер е без клуб од крајот на 2016 година, кога го напушти Кајзерслаутерн. Претходно го водеше и Хановер, како и помладите категории на Реал Сосиедад, на Штутгарт и на Хофенхајм.

Баер Леверкузен се наоѓа дури на десеттото место на табелата во Бундеслигата, по двата последователни порази од Мајнц и од Дортмунд.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/03/2017 22:40