Американски авиокомпании откажаа речиси 4.000 летови за денеска и за утре поради бура што се очекува да донесе снег, од кој ќе бидат попречени комуникации во североисточниот дел од државата.

Сајтот FlightAware информира дека над 1.100 летови за денеска и над 2.800 за утре се откажани.

Најмногу откажани летови има во Чикаго денеска, а утре прекин во одвивањето на авиосообраќајот ќе има најмногу во регионот од Чикаго до Бостон вклучително и градот Њујорк.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2017 01:49