Германската канцеларка Ангела Меркел ја одложи посетата во Вашингтон каде што вчера требаше да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.
Посетата на Меркел е одложена поради брзото напредување на зимската бура, која се очекува да го погоди североистокот на САД.
Меркел на новинарите им соопшти дека Трамп телефонски ја побарал за да и објасни колку е сериозна ситуацијата со бурата.
– Патот е откажан – потврди Меркел.
Германската канцеларка порача дека нејзината посета на САД повторно ќе биде закажана што е можно побрзо.
Белата куќа исто така објави дека е одложен состанокот помеѓу Меркел и Трамп. Во соопштението се наведува дека состанокот на двајцата лидери е одложен до 17 март.
Меркел и Трамп беше предвидено да се сретнат утре, што ќе беше нивна прва средба по доаѓањето на Трамп на чело на САД. / Мета