Американскиот претседател Доналд Трамп даде овластување ЦИА да може да извршува напади со дронови, јавија американски медиуми.
ЦИА извршила прв таков напад минатиот месец против лидер на Ал Каеда во Сирија, објави „Волстрит џурнал“ цитирајќи неименуван извор од администрацијата.
Нападите со дронови за време на Барак Обама беа извршувани од армијата, додека ЦИА можеше да ги користи за разузнавачки операции.
Администрацијата на Трамп разгледува нови можности за релаксирање на дрон програмата, што беше под рестрикции за напади поради превенција на цивилни жртви, објави „Вашингтон пост“. / МИА.