Австрија смета дека Турција не треба никогаш да стане дел од Европска унија имајќи ја предвид се порепресивната политика на земјата. Поради тоа присоединувањето на Турција во ЕУ е незамисливо, се наведува во политичкиот документ на австриското Министерство за надворешни работи.
Документот е дел од подготовката на Австрија за претседателствувањето со ЕУ во втората половина од 2018 година. Австрија е една од земјите вовлечена во големиот скандал меѓу Турција и ЕУ со кампањата на турските политичари во странство.
– Наместо преговори за членство во ЕУ, Турција би требало да се стреми кон договор за соработка, вклучително во трговијата, во надворешната политика, во правосудството и за антитерористичките мерки, се посочува во документот.