Италијанската полиција соопшти дека во Неапол се уапсени 69 лица, вклучувајќи политички личности, бизнисмени и археологијата, во текот на широката рација, насочена против локалниот мафијашки картел Казалези.

Операцијата на обвинителството и финансиската полиција била насочена против корупцијата, давањето и примање поткуп и уценувањата, поврзани со бизнисот со изградба на крематориуми и археологијата.

Според италијанските медиуми, меѓу уапсените се наоѓа и еден угледен археолошки стручњак, како и поранешниот градоначалник на градот Помпеја.

Обвинети се повеќемина градежни предприемачи, за местење тендери и за организирање мрежа на корупција.

Картелот Казалези се смета дека е филијала на најпозната неаполска мафијашка организација Камора.

Обвинителството тврди дека картелот ја презел контролата и врз земјоделскиот бизнис и храната во регионот на Неапол, а посебно производството на сирењето моцарела..

Во домашен притвор е ставена раководителот на одделението за архитектура и фини уметности во овој италијански град, Аделе Кампанели.

Истрагата е насочена кон 18 договори, на властите и бизнисот врзан за мафијата, уште од 2013 година. Меѓу нив се договорите за изградба на музеј до антички, римски амфитеатар, како и нов крематориум во модерна Помпеја.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/03/2017 14:22