Расте довербата која граѓаните ја имаат во ВМРО-ДПМНЕ, додека на СДСМ опаѓа. Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е зголемен во однос на изборите одржани на 11 декември, додека на СДСМ е опаднат. Ова се податоците кои ги покажува најновата анкета спроведена од Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС).

За изборите во декември минатата година рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ според ИПИС бил 25,5 проценти, додека сега изнесува 27,1 процент. СДСМ за предвремените парламентарни избори имале рејтинг од 24,4 проценти, а истиот сега изнесува 21,8 проценти. Кај сите партии од албанскиот блок се забележува пад на рејтингот.

Доколку следната недела се одржат нови парламентарни избори, најголема поддршка од граѓаните ќе добие ВМРО-ДПМНЕ. Според резултатите, 27,1 проценти од граѓаните својот глас би го дале за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ би гласале 21,8 проценти.

За ВМРО-ДПМНЕ својот глас би го дале 34,3 проценти од етничките Македонци, а за СДСМ 24,3.

Етничките Албанци најголема доверба имаат во ДУИ од 21,4, додека 13 проценти од етничките Албанци својот глас би го дале за СДСМ. Под 10 проценти доверба имаат ДПА, БЕСА и Алијанса за Албанците.

Анкетата е спроведена во периодот помеѓу 10 и 13 март 2017 година на 1100 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. / МИА.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/03/2017 16:28