Според податоците на Агенцијата за статистика на Европска унија (Евростат), 1,2 милиони луѓе побарале азил во ЕУ минатата година, од кои најголемиот број се Сиријци, Авганистанци и Ирачани.

Според Еуростат бројот на подносители на азил во 2016 година е помал во споредба со 2015, но бројката е речиси двојно поголема во однос на 2014 година.

Околу една третина кои пристигнале во земјите членки на ЕУ минатата година се од Сирија, потоа 183.000 од Авганистан и 127.000 се Ирачани.

Еуростат наведува дека 60 проценти од барањата се пополнети во Германија, а потоа следи Италија со 10 отсто, додека бројот на баратели на азил значително опаднал во Шведска, Финска. Данска и Унгарија.

Околу еден милион барања се уште се во процес на обработка од крајот на годината.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2017 01:40