СДСМ ќе поднесе инцијатива за продолжување на конститутивната седница на Собранието, на која треба да се избере претседател на законодавниот дом.

Претседавачот со седницата Трајко Вељаноски треба да го закаже нејзиното продолжение. На седницата треба да се изберат членови на Комисијата за избори и именувања, која треба да го предложи новиот претседател на Собранието.

Деновиве се водат интензивни партиски разговори меѓу високи претставници на новото парламентарно мнозинство, кое чека мандат за состав на Владата а медиумите шпекулираат дека во преговорите кои ги имаше СДСМ со ДУИ е договорено Претседател на Собранието да биде пратеник од редовите на Демократската унија за интеграција.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2017 01:45