ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за СЈО кое ќе заплашува и затвoра медиуми
Специјалното јавно обвинителство е продолжена рака на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Тие ја имаат улогата на цензор за да расчистат со медиумите кои не му се под контрола и кои самиот Заев ги прогласи за непријатели.
ВМРО-ДПМНЕ гласаше за СЈО кое професионално, непристрасно и неселективно ќе си ја врши работата.
ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за СЈО што ќе биде прв соработник и послушник на аболицирани криминалци и ќе служи како општинска организација на криминогеното раководство на СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за СЈО кое ќе заплашува и затвoра медиуми.
ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за СЈО кое ќе вработува роднини и партиски членови на СДСМ и ќе ангажира функционери и поданици на аболицираниот криминалец Заев како експерти.
Со самото откажување од случајот „Пуч“, со пуштањето од притвор на Верушевски и со сегашниот атак кон медиумите, СЈО потврди дека нема ниту една рационална причина за продолжување на неговиот мандат.