Етна одново еруптираше во вторникот, по неколкудневната ерупција во текот на минатиот месец. Етна е еден од најактивните вулкани во светот.

Властите на италијанскиот регион Сицилија воведоа времена забрана за авиосообраќај од аеродромот „Комизо“, поради ерупцијата на вулканот Етна, од чииј кратер веќе четврти ден излегуваат пепел и чад, јави ДПА. Поради ерупцијата откажани се сите летови од и кон „Комизо“, додека на аеродромот „Катанија“ бројот на летови е редуциран на по пет на секој час.

Но и покрај најавите за опасност од страна на Италијанските власти, сепка голем број на турусти не го напуштаа ова место и сакаа во живо да го следат еруптирањето на овој вулкан, Телевизијата BBC пак во живо го пренесе целиот момент на експлозија.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2017 14:57