Поранешниот британски министер за финансии, Џорџ Озборн е именуван за главен уредник на весникот „Лондон ивнинг стандард“, изјави денеска сопственикот на печатениот медиуми Евгениј Лебедев.

– Горд сум што имам уредник од таква величина, кој ги зајакнува позициите и влијанието на весникот, напиша Лебедев на Твитер.

Озборн и понатаму останува пратеник во Домот на општините од редовите на Конзервативната партија, а минатиот месец стана советник на инвестициската група „Блек рок“.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2017 17:09