Одлуката на Трајко Велјаноски да не свика веднаш координација и продолжување на конститутивната седница е уште една потврда за тоа дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги интересира само личниот интерес и ништо друго.
Објаснувањето на Велјаноски дека граѓаните на Македонија треба да чекаат Илија Димовски да се врати од пат, за да се одржи продолжението на конститутивната седница е безобразно и несовесно поигрување со волјата на граѓаните кои со месеци го чекаат формирањето на новата Влада, како и понижување на Парламентот.
Ако Димовски е на пат, може да го претставува негов заменик, а и после 3 месеци неработење што и му е друга обврска на Илија Димовски од тоа да е во Собранието кога има должност да ги извршува важни парламентарни обврски.
Неодговорното однесување на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ е уште еден доказ дека тие воопшто не водат сметка за интересот на граѓаните и тоа ќе заврши многу брзо.
Демократските процеси се незапирливи, ќе има и конститутивна седница, мандат за составување Влада и нова реформска Влада на граѓаните на Македонија.