Кредитната агенција Стандард и Пурс го потврди намалениот кредитен рејтинг на земјава на ББ- со што уште еднаш се покажа дека економските политики на досегашната власт се штетни за граѓаните затоа што меѓудругото ја втурнаа земјата во ранг на земји ризични за кредитирање.
Изминативе 10 години заради неконтролираното и прекумерно задолжување на граѓаните и заради нетранспаретното раководење на јавните финансии оваа кредитна агенција два пати го има намали кредитниот рејтинг на земјата, првиот пат во 2009 на ББ и втор пат во 2013 на ББ-.
Продлабочувањето на политичката криза зад којашто стои Груевски за да се спаси од одговорноста влијае штетно на економијата и од тие причини час поскоро потребно е да се одблокираат демократските процеси за избор на нова реформска Влада којашто ќе спроведува реални политики во интерес на граѓаните, а пред се транспаретно и отчетно раководење со јавните финансии!