Руската полиција трага по едно лице кое денеска испратило лажна дојава за поставена експлозивна направа на железничката станица Курск во Москва, поради што повеќе од 200 луѓе биле евакуирани.

– Не е пронајден никаков експлозив. Железничката станица продолжи со работа. Полицијата презема мерки за идентификација и апсење на лицето кои ја испрати анонимната дојава, наведува во своето соопштение Одделот за сообраќај при руското Министерство за внатрешни работи.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/03/2017 19:05