Француските безбедносни сили застрелале и убиле маж на парискиот аеродром „Орли“, откако тој посегнал и му го зел пиштолот на војник, соопштиле француските власти, јавува „Би-би-си“.

Делови од аеродромот биле веднаш евакуирани, а безбедносните операции по инцидентот продолжуваат и понатаму. Во нив, како што пренесува британскиот национален сервис, биле вклучени и експерти за деактивирање на експлозивни направи.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2017 14:16