Денеска сме тука собрани заедно со граѓаните и сопствениците на угостителските објекти да го изразиме своето незадоволство во врска со отпочнување на изградбата на подземната улица, којашто ќе треба да го уништи кејот на реката Вардар, односно шеталиштето.

Само сакам да напоменам дека во изминатиот период донесовме една одлука како Општина Центар кадешто законски успеавме да ја спречиме постапката на оваа улица, но сепак со измени на законот градот ни ги одзема ингеренциите во тој дел.

Но, не застануваме тука. Во понеделник договоривме заедно со советниците на Општина Центар, вонредна седница, во којашто ќе ги превземеме сите законски мерки со коишто ќе спречиме да продолжи изградбата на оваа криминална улица којашто, знаете дека ја гради познатиот бизнис партнер на Груевски, Александар Ивановски, Алек Тера Нова, којшто беше познат во бомбите, односно во проектот Вистината за Македонија.

Сакаме да апелираме и до инвеститорот Ивело Груп, односно изведувачот на улицата веднаш да престане бидејќи ќе се соочи со одредени санкции којшто следуваат за него.

Да го повикаме и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски да ја повлече одлуката за изградба на оваа улица, односно одобрението за градба. Ако тоа не се случи, како Општина Центар ќе превземеме соодветни мерки, а последиците ќе ги сносат лично тие.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2017 14:38