Најрелевантата анкета на граѓаните, Никола Груевски ја доби на изборите на 11 декември. Околу 700 илјади граѓани одлучно се изјаснија дека Груевски не смее повеќе да ја води Македонија. Мнозинството граѓани избра промени, правда и заедништво.

Груевски мора да ја прифати новата реалност дека тој е опозиција и дека ништо, па ниту нарачани анкети од агенции што добивале милионски тендери од државни институци нема да го смени тој факт.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се опозиција и должни се во интерес на граѓаните и на Македонија веднаш да овозможат мирен и брз трансфер на власта.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2017 16:07