Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски коментирајќи ја актуелната политичка ситуација истакна дека како партија ќе понудат документ за излез од кризата кои треба да го прифатат сите партии и целта е да се задржи унитарноста на државата.
Целта на овој документ е прифаќање од страна на сите политички партии, задржување на унитарноста на државата и да не се оди кон урнисување и растурање на нашата држава која што тешко ја добивме. Исто така со ова треба да се спречи и промена на името по грчи терк и на исти начин решение за идентитетот на Македонците, истакна Груевски.