Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, утре нема да се сретне со претставниците на граѓанската асоцијација „За заедничка Македонија“.
Ова денеска го соопшти портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, потврдувајќи дека Хан добил понуди и за други средби, но дека тој и тројцата европратеници Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, утре во Скопје ќе се сретнат само со претставниците на македонските политички партии.
– Како што веќе реков во петокот, Хан ќе се сретне со политичките претставници. Вистина е дека има и други барања и често кога тој патува во земјата, ние се обидуваме да се сретнеме со што е можно повеќе соговорници, вклучително и со такви од граѓанското општество. Но, овојпат комесарот ќе се сретне само со политичките претставници, бидејќи неговата агенда не дозволува повеќе, истакна Коцијанчич.