Дел од највлијателните британски банки како ХСБЦ и Кралската банка на Шкотска раководеле со околу 740 милиони долари што биле испрани од руски криминалци, објави Гардијан.

Перењето пари е поврзано со руската влада и ФСБ (Федералната служба за безбедност), тврди весникот.

ХСБЦ, Кралската банка на Шкотска, Лојдс и Барклиз се меѓу 17 банки базирани во Британија или имаат ограноци во таа држава а кои се соочуваат со прашања за меѓународна мрежа за перење пари.

Гардијан имал увид во документи кои покажуваат дека најмалку 20 милијарди долари се повлечени од Русија во периодот 2010 до 2014 година. Од истрагата веруваат дека таа сума може да се искачи до 80 милијарди долари.

Извор од истрагата вели дека парите до Русија се или украдени или имаат криминално потекло.

Истрагата се обидува да идентификува некои политички влијателни Руси кои учествувале во операцијата за перење пари, наречена The Global Lundromat.

Весникот додава дека околу 500 луѓе биле вклучени во таа операција, а меѓу нив се олигарси, московски банкари и луѓе поврзани со ФСБ.

До извештајот дошле истражувачки центар што се занимава со криминал и корупција (OCCRP) и Новаја газета. Ним информациите им ги дале анонимни извори. OCCRP ги поделиле информациите со Гардијан, но и со медиумски партнери во 32 држави.

Документите покажуваат детали за околу 70.000 трансакции меѓу кои 1.920 кои минале низ британски банки и 373 трансакции што минале низ американски банки.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2017 15:11