Го предупредуваме Кирил Миноски кој во моментов извршува техничка функција како министер за финансии и е во заминување да не ги задолжува граѓаните на Р.Македонија повеќе од потребниот износ за враќање на доспеаните долгови за оваа недела и тоа да го прави на крајно нетранспарентен начин како до сега.
Обврските коишто стасуваат за наплата оваа недела изнесуваат 88 милиони евра и Миноски треба во рамките на овој износ да го планира денешното задолжување на домашниот пазар.
Истовремено укажуваме дека во Буџетот на Р.Македонија има доволно средства за исплата на тековните обврски на државата кон граѓаните за што потврдa има и од надлежно министерство.
Неконтролираното темпо на задолжување на граѓаните што досегашната власт го правеше нетранспарентно и за непродуктивни трошења го издигна јавниот долг на историски највиско ниво од 50.1% од БДП.
Итно е потребно да се одблокираат демократските процеси и да се формира новата реформска Влада на граѓаните којашто транспарентно и одговорно ќе раководи со јавните финансии што е интерес на сите граѓани на Р.Македонија.