Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска изјави дека членство на Турција во ЕУ станува „се понереално“, освен ако Анкара набрзо не го смени курсот на дејствување.

Хан за германскиот весник „Билд“ истакна дека имајќи ги предвид строгите критериуми за членство, од неодамна Турција се повеќе и повеќе се оддалечува од Унијата.

Анкара ги започна преговорите за членство во ЕУ во 2005 година. Европските држави се повеќе стравуваат поради зголемената авторитарност на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Претседателот на Турција пак порача дека на Турција повеќе не може да ѝ се закануваат со процесот на европските интеграции, како и за договорот за бегалците кој што минатата година го постигнаа Брисел и Анкара.

„Тоа време помина“, порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој што исто така додаде дека Турција нема да им дозволи на Европејците на турска територија да „шпионираат“ под најразлични изговори.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2017 16:22