“За жал мора да констатирам дека немаме поместување во однос на одблокирање на состојбите во функционирањето на законодавниот дом, најголемиот преставнички дом во Македонија. Знаете дека побаравме седницата да биде продолжена, иако спротивно на Деловникот, од Трајко Вељановски беше побарано да се достави писмено барање со најмалку 61 потпис и доставивме барање со 67 потписи за продолжување на контитутивната седница. Веднаш потоа излезе ново барање на ВМРО-ДПМНЕ дека мора да имаат шест членови во Комисијата за избори и именувања врз основа на застапеноста во Собранието. И тоа им беше прифатено. Откако тоа беше прифатено, се поставува уште еден услов, претседателот на Комисијата за избори и именувања да биде од ВМРО ДПМНЕ.“ истакна генералниот секретар на СДСМ, Спасовски.

Ако тоа не се случи, нема да има продолжување на конститутивната седница и избор на Претседател на Собранието. Тоа уште еднаш покажува и докажува дека ВМРО-ДПМНЕ спротивно на сите демократски принципи ја узурпира Македонија, ги узурпира институциите, заради лични и партиски интереси не сака да функционира Собранието како највисок законодавен и претставнички дом на граѓаните веројатно заради зачуваување на сопствените позиции кои ги имаа и ги узурпираат овде во собранието иако е јасно дека изборот на Комисијата за избори и именувања се прави во Собранието на Р.М. Собранието одлучува за тоа кој ќе биде претседател, заменик претседател, член на Комисијата за избори и именувања, како и за сите други работни тела. Тоа е пропишано во Деловникот на Собранието, исто така како што е одлучено дека и пратениците во Собранието одлучуваат за тоа кој ќе биде претседател на Собранието. Од тие причини само можам да констатирам дека продолжува заштитата на ВМРО-ДПМНЕ и поединци од ВМРО-ДПМНЕ, узурпација на институциите, а со тоа и интересите на граѓаните на Македонија, додаде Спасовски.

Нашиот став е јасен дека треба да се одблокираат институциите и една од првите институции која треба да се одблокира е Собранието на Р.М. преку избор на Претседател, за да можеме да тргнеме во други чекори како избор на влада итн. и за Македонија да не биде место во кое некој ќе ги узурпира и блокира институциите на системот, а директна штета ќе трпат граѓаните, поентираше Оливер Спасовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2017 22:11