Интегрален текст од изјава за медиуми и одговори на новинарски прашања, која се одржа во просториите на Собранието на Република Македонија, при што се обрати г. Илија Димовски, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Позицијата е иста како пред паузата, нема содржинска промена. Досегашната пракса на работа во собранието на Република Македонија во последните 25 години говори дека претседател на комисијата за избори и именување секогаш е од најголемата пратеничка група во собранието без исклучок нема исклучок во досегашните 25 години. Бројот на пратеници членови на комисиите не е милост или добродател на една партија спрема друга туку е одлука на граѓаните врз база на егзактна математика на прецизни бројки. Значи соодносот 6 - 5 - 1 - 1 не е заради задоволството на СДСМ да покаже гест туку е последица на изборните резултати од 11 декември минатата година. соодносот ниту беше ниту може да биде предмет на разговор заради тоа што тој е егзактен и се применува наназад со години. Исто така претседателското место во комисијата за избори и именувања секогаш без исклучок припаѓа на најголемата пратеничка група. ние сме спремни ако има договор уште утре да ги тераме следните постапки и следните процедури во работата на собранието.

Прашање: Сега имаме преседан кога најголемата пратеничка група малцинство во парламентот бидејќи имаме ново парламентарно мнозинство. Како ќе го решите проблемот?

Димовски: Значи тоа е се уште хипотетичка ситуација но ако опстојат на одлуката да формираат некакво мнозинство или некаква влада а другите партии без учество на најголемата пратеничка група во собранието треба да бидат свесни дека таквата постапка ќе носи со себе и политички и формално правни последици кои што се различни од досегашното функционирање на собранието. Повторно не го исклучувам моментот дека никогаш до сега собранието како независна власт како законодавна власт во својата работа немало ситуација во која што претседател на комисија за избори и именувања доаѓал од втората, третата или четвртата партија. Тоа се случувало за претседател на собрание но никогаш не се случувало за претседател на оваа би рекол најзначајна комисија за работата на собранието.

Прашање: Која порака ќе му пренесете на Хан на средбата?

Димовски: Тоа би оставил да го коментираме по средбата. Да се задржиме на оваа тема.

Прашање: Имате ли кандидат за претседател на собранието?

Димовски: Следните чекори ќе бидат во насока на зачувување на националните и државните интереси на Република Македонија и се уште не сме спремни да ги споделуваме со јавност. Во моментот кога ќе оцениме дека е потребно да ги споделиме со јавност ќе имате вие први како новинари информирани за нашите чекори.

Прашање: Дали постои простор за договор кога се доделува мандат за човек кој има мнозинство, дали може исклучок и во овој случај?

Димовски: Не е исклучок ниту едното ниту другото заради тоа што и јас и вие сте помлади но има момент некаде во деведесетите кога не е даден мандат на четворица кандидати за мандатор од страна на првиот претседател на Република Македонија така да и ова не е исклучок ова е веќе воспоставена пракса но да не навлегуваме теоретски во таа работа јас пак ќе потенцирам дека претседател на комисија за избори и именувања секогаш без исклучок го имала најголемата политичка група во парламентот. Има парламенти во светот кај што сите претседатели на работни тела се на власта но тоа никогаш не било пракса во Република Македонија. Ние и минатиот мандат и пред минатиот и 2002 и 1998 секогаш сме имале ситуации во која имало претседатели на комисии од опозиција но секогаш претседател на оваа комисија била од најголемата политичка група.

Прашање: Зошто се сомневате во парламентарно мнозинство, 67 потписи не се доказ?

Димовски: 67 потписи според она што јас го видов се за свикување на седница. Оваа работа за која што дискутираме денеска повторно никогаш во историјата не се терала насила секогаш соодносите кои се математички но и распоредот на претседатели на комисии кои што се усогласуваат секогаш биле врз база на усогласен став на сите пратенички групи. Дали тоа ќе биде здравство комисија, дали тоа ќе биде економија, дали ќе биде транспорт и врски и така натака секогаш било усогласено и ние стоиме на располагање коректно и конструктивно да се усогласиме. Доколку некој мисли дека треба со сила на надгласување ќе си ги сноси сите последици за понатамошните чекори.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2017 22:14