Последната средба во агендата на Еврокомесарот Јоханес Хан беше со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Од ВМРО - ДПМНЕ не излегоа со официјална информација за текот на разговорите а Еврокомесарот Јоханес Хан изненадно ја откажа прес-конференцијата која според агендата требаше да се случи по 22:00 часот.

Се очекува во текот на утрешниот ден и од ВМРО-ДПМНЕ и од Европската Унија да излезат со писмена реакција во однос на разговорите и средбите.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2017 22:33